Пријавување на дипломски труд

Упатство за изработка на дипломски труд

Студиите на Факултетот студентот ги завршува со изработка и јавна одбрана на дипломски труд од областа на студиите. Насловот на темата ја одобрува предметниот наставник од чија област се изработува дипломската работа, најчесто при запишувањето на VIII семестар (т.е. кога освоил најмалку 200 кредити).

По исполнување на условите за дипломирање (мин.31 положен испит и мин. 240 кредити) во Одделението за студентски прашања, студентите го поднесуваат дипломскиот труд (во 4 примероци) и потребниот комплет од формулари за дипломирање, најдоцна во рок од 45 дена по завршувањето на испитната сесија кога го положиле последниот испит.

По поднесување на дипломскиот труд и потребните документи за дипломирање во Одделението за студентски прашања, студентското досие (во материјална и е-форма) се отвара и проверува во рок од 3-5 работни дена.

Со контатирање на комплетноста на досието, службата ја информира комисијата за одбрана на дипломскиот труд која потоа закажува датум и термин за одбрана.

Студент кој успешно положил најмалку 31 испит и притоа освоил најмалку 240 кредити, со положувањето на дипломскиот испит се стекнува со звањето дипломиран економист на соодветен департман. Дипломата ја потпишува Деканот на Факултетот и Ректорот на Универзитетот. На студентот, покрај дипломата му се издава и Уверение за положени испити.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.