fbpx

Информација за прекинување на образовниот процес

Почитувани,

Согласно препораките на Министерството за здравство и заклучокот на Владата на Република Северна Македонија, Ве информираме дека наставно-образованиот процес на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Економски факултет – Скопје нема да се одвива во периодот од 11.3 до 24.3.2020 година. 

Имајќи ја предвид ваквата препорака, Ве известуваме дека покрај наставнообразовниот процес, во овој период нема да се реализираат и претходно закажаните активности, и тоа: 
  • одбрана на дипломски трудови
  • одбрана на магистерски трудови 
  • одбрана на докторски дисертации 
Дополнително во овој период нема да се одржат ниту сите претходно закажни настани и активности кои се поврзани co присуство на студенти. 
 
За сите понатамошни инструкции од страна на Владата на Република Северна Македонија и Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ќе бидете дополнително известени.
 
Соопштението може да го видете на следниов ЛИНК
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.