Наслов на наставниот предмет

Локален економски развој

Код

 PSM 517

Наставник

Проф. д-р Наталија Николовска

Цели на предметната програма (компетенции):  

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Сеопфатно да ја разберат комплексноста на локалниот економски развој, како и аспектите кои го чинат портфолиото на локалниот економски развој;
  • Критички да ги проценуваат предностите и недостатоците кои произлегуваат од алтернативните начини на реализирање на локалниот економски развој;
  • Да ја проценуваат важноста на мрежите на поврзување меѓу стеикхолдерите(stakeholders) од јавниот сектор, бизнис секторот, и локалната власт(самоуправата);
  • Да ги развиваат основните пристапи на клучните стеикхолдери кон локалниот економски развој: ‘коалиција на растеж’ и ‘оспособување на заедницата’;
  • Да вршат избор на научни инструменти за оценка на прифатливите стратегии за локален економски развој.

Содржина на предметната програма: 

  1. Типологии на локален економски развој:
    o   пристап на страната на побарувачката,
    o   пристап на страна на понудата;
  2. Улога на јавниот сектор во доменот на локалниот економски развој;
  3. Комплексен пристап кон локалниот економски развој во рамки на националниот економски развој;
  4. Алтернативни начини на реализирање на интегралниот локален економски развој;
  5. Алтернативни патишта на градење мрежи на соработка: oпомеѓу јавниот и приватниот сектор,
    o   национална (централна) и локална власт,
    o   локална власт и граѓани,
    o   интегрирање во комплексната мрежа на соработка;
  6. Стратешки менаџмент во јавниот сектор и локалниот економски развој;
  7. Политики на јавниот сектор спрема интегралниот локален економски развој;
  8. Модели на организација на јавниот сектор на локално ниво според различни функции.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.