fbpx

Маркетинг – студиска програма 2017/2018

Студиската програма на втор циклус студии – Маркетинг е во траење од 2 семестрa и вклучува изработка и на магистерски труд.

Структурата на предметите е следната:

  • три задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање
  • три изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање и
  • еден изборен предмет од листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Студентот на втор циклус на студии може да пријави тези и тема  за  магистерски труд со образложение, откако ќе оствари 44 кредити со положување на  испитите на студиумот на кој што е запишан. Магистерскиот труд носи 16 ЕКТС. За добивање звање магистер, студентот треба да оствари 60 ЕКТС согласно Законот за високо образование. По завршувањето на студиската програма студентот се стекнува со звањето: магистер по економски науки  од областа на Маркетингот.

ЦЕЛИ

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на МАРКЕТИНГ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на маркетингот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Демонстрира знаење за маркетинг-концепцијата и нејзиното значење во работењето на современите бизниси.
  • Покажува знаење за специфичните типови на потрошувачи и факторите кои што влијаат врз нивното однесување.
  • Покажува знаење за различните методи кои се користат во маркетинг-истражувањето и примена на добиените резултати во работењето на компанијата.
  • Демонстрира знаење за одделните елементи на маркетинг планот и различните стратегии кои се користат за успешно водење на бизнисот.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Способен е за самостојно донесување одлуки во врска со производот, цената, дистрибуцијата и промоцијата како клучни аспекти од работењето на секоја компанија.
  • Самостојно развива маркетинг-истражувачки проект, применувајќи ги знаењата за одделните фази од процесот на маркетинг-истражување.
  • Самостојно ги анализира одделните маркетинг-инструменти и однесувањето на потрошувачите.
  • Способен е да развие маркетинг-план и да предложи соодветни маркетинг-стратегии, согласно добиените резултати од истражувањето.

Способност за проценка:

  • Покажува способност за оценка и избор на научни теории, методологии и алатки во подрачјето на маркетингот.
  • Покажува способност за критичка оцена и споредба на маркетинг-тенденциите во земјата и во светот.
  • Демонстрира способност за идентификување и прибирање на релевантни податоци, нивна анализа и интерпретација. 

Комуникациски вештини:

  • Поседува способност за самостојно учество во научни дискусии и за успешно комуницирање во професионален тим. 
  • Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира однесувањето на потрошувачите, како и човековото однесување генерално. 

Вештини на учење:

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, пишување, критичка анализа, интерактивно учество, набљудување.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Покажува способност за независно идентификување на своите лични потреби и интерес за континуирана едукација и професионален развој.

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

Семестар   1
Код Полн назив на предметната програма

Наставник

Број на часови

ЕКТС

МКТ 541 Принципи на маркетинг проф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска

40

7

МКТ 546 Маркетинг менаџмент проф. д-р Анита Циунова – Шулеска

40

7

МКТ 547 Маркетинг истражување проф. д-р Николина Паламидовска – Стерјадовска

40

7

Изборен предмет од Листа на УКИМ

10

2

Семестар   2
Полн назив на предметната програма Број на часови ЕКТС
Магистерски труд 400 16
Зимски
Код

Полн назив на предметната програма

Наставник

Број на часови

ЕКТС

МКТ 542 Однесување на потрошувачите проф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска

40

7

МКТ 543 Промоција проф. д-р Анита Циунова – Шулеска

40

7

МКТ 544 Политика на производот

проф. д-р Ежени Брзовска

40

7

МКТ 545 Дистрибуција со методи на продажба проф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска

40

7

МКТ 548 Меѓународен маркетинг проф. д-р Ежени Брзовска

40

7

МКТ 549 Маркетинг на услуги проф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска

40

7

МКТ 5410 Политика на цени во маркетингот проф. д-р Даниела Мамучевска

40

7

МКТ 5411 Интернет маркетинг проф. д-р Димитар Јовевски

40

7

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.