Монетарна економија, финансии и банкарство – студиска програма 2017/18

Последипломските студии по Монетарна економија, финансии и банакрство се организирани во два семестри, при што вклучуваат и изработка на магистерски труд.

Структура на предметите:

  • Шест изборни предмети од листата на Економски факултет – Скопје
  • Еден изборен предмет од листата Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Од понудените изборните предмети, студентите треба да изберат вкупно 7(седум) предмети, и тоа: 6 (шест) предмети од студиската програма плус еден предмет од листата на УКИМ.

Во првиот (зимски) семестар, студентите избираат 4 (четири) предмети од студиската програма плус 1 (еден) предмет од листата на УКИМ.
Во вториот (летен) семестар, студентите бираат 2 (два) предмета од студиската програма.
Студиите се завршени ако студентот освоил најмалку 60 кредити според ЕКТС.
Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.

Цели

Образовни цели на последипломските студии од Монетарна економија се:

  • Образование на кандидатите за анализа на макроекономските текови и движења и за работа во областа на макроекономската политика;
  • Образование на кандидатите за разбирање и анализа на меѓународните економски односи и суштината на меѓународното финансирање на бизнисот;
  • Да се обучат кандидатите за управување со финансиските институции, како и за анализа на хартиите од вредност и управувањето со портфолиото;
  • Изучување на прашањата поврзани со финасискиот менаџмент, т.е. финансирањето на корпорациите;
  • Изучување на проблемите на јавните финансии во две подгрупи: првата, фискаланата политика (јавните приходи и управување со расходите) и втората, оданочувањето, структурата на даночниот систем, видовите на даноци и нивните карактеристики.

Професионални цели на последипломските студии од Монетарна економија се:

  • Образование на високо стручен професионален кадар со лидерски способности за работа во финансиските институции и нефинансиските фирми;
  • Студиумот е ориентиран кон потребите на приватниот сектор (банките, небанкарските финансиски посредници и нефинансиските фирми со развиени финансиски сектори), а од друга страна, студиумот нуди и софистициран теоретско-методолошки инструментариум за потребите на научно-истражувачките институции и носителите на економската политика.

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии.

Семестар   1

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MFB Магистерски труд 40 16,00
Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MFB 511 Јавни финансии 40 7 Сузана Макрешанска Младеновска
MFB 514 Меѓународни финансии 40 7 Горан Петревски
MFB 518 Финансии на корпорации 40 7 Сашо Арсов
MFB 519 Инвестиционен менаџмент 40 7 Владимир Филиповски
MFB 512 Современи монетарни концепции 40 7 Трајко Славески
MFB 5193 Портфолио менаџмент 40 7 Владимир Филиповски
MFB 5191 Монетарна и фискална политика во ЕУ 40 7 Ѓорѓи Гоцков
MFB 513 Монетарен систем и политика 40 7 Кирил Јовановски
УКИМ Изборен предмет од Листа на УКИМ 10 2
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MFB 516 Финансиски пазари 40 7 Кирил Јовановски
MFB 517 Монетарна анализа 40 7 Ѓорѓи Гоцков
MFB 5192 Управување со ризиците во финансиските институции 40 7 Горан Петревски
MFB 5194 Емпириски финансии 40 7 Горан Петревски
MFB 515 Банки и банкарски системи 40 7 Елена Наумовска

Линк до Монетарна економија, финансии и банкарство – студиска програма 2017/2018

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.