Упис на зимски семестар 2026/2027

Втора, трета и четврта година – Економски факултет, Скопје

Почитувани студенти,

Ве информираме дека уписите на зимскиот семестар 2026/2027 година започнуваат на 09.09.2026 година. Пред да дојдете во Службата за студентски прашања задолжително направете online упис. При online уписот на новиот зимски семестар потребно е внимателно да го извршите изборот на предмети.

Важни упатства при online уписот

  • 1 Прво задолжително презапишете ги сите неположени задолжителни предмети од претходниот зимски семестар 2025/2026 година.
  • 2 Доколку имате неположени изборни предмети од претходниот зимски семестар 2025/2026, тие треба да се запишат веднаш по задолжителните.
  • 3 Откако ќе ги запишете сите обврски од претходната година, може да избирате предмети од повисоката година, со следниот редослед:
    • Прво задолжителни предмети
    • Потоа изборни предмети, во рамки на вашата студиска година и насока

Избор на предмет од друга насока или година ќе се смета за неважечки, дури и во случај предметот да се положи, бидејќи не припаѓа на соодветниот план и структура на вашата студиска програма.

Новина од оваа учебна година

Сите студенти, од сите 4 студиски години, уписот ќе го направат преку доставување на документите во плико. Сите студенти треба да направат online упис (задолжително внесени сите оценки од положени предмети од претходниот зимски семестар 25/26 во iKnow системот), да ги извршат сите уплати и обврски. Уредно пополнетиот индекс, уплатите и доказот за пополнет статистички прашалник се ставаат во плико на кое ќе биде напишано:

  • Број на индекс
  • Име и презиме
  • Насока

Пликото се доставува на означено место пред влезот на службата за студентски прашања. За сите некомплетни доставени индекси ќе се смета дека не се почитувани дадените насоки, а уписот ќе се реализира по 25.9.2026 со надомест за задоцнет упис.

Распоред за доставување индекси

Студиска година Датум Часови
Втора година9.9.2026 – 14.9.202608:00 – 16:00 часот
Трета година15.9.2026 – 18.9.202608:00 – 16:00 часот
Четврта година21.9.2026 – 25.9.202608:00 – 16:00 часот

Потребни документи за упис

Образец ВОИ 20 – Национален портал за е-услуги Регистрирајте профил на ниско ниво (анонимно) и пополнете го образецот ВОИ 20 – испечатете ги Генерираниот образец и Потврдата за успешно доставен образец и донесете ги на денот на уписот

Потврди за извршени уплати (кликнете за да го погледнете соодветниот ПП 50 образец):

Студентите кои се запишани со специјални услови се ослободени од плаќање на ставките за материјални и онлајн ресурси (вкупно 2.000 ден.).

Ви благодариме на довербата! Ваш Економски факултет!

За подетални прашања обратете се во Одделението за студентски прашања на Економскиот факултет – Скопје.

Документ

Се вчитува документот…