fbpx

Бизнис логистика

Наслов на наставниот предмет

Бизнис логистика

Код

EBU320

Наставник

Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел  на  предметната  програма Бизнис логистика е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување и со специфични вештини за примена на овие знаења во практиката. За остварување на овие цели, предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

·       да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување;

·       да ги идентификуваат главните елементи на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност;

·       да ги искористат потенцијалите на информациските системи за поддршка на управувањето на синџирот на снабдување и синџирот на создавање додадена вредност во производството;

·       да ги разбираат методите на предвидување и да ги применат при предвидување на побарувачката;

·       да ги познаваат и применат методите на управување со залихите.

Содржина на предметната програма:

Предметот  Бизнис  логистика  се  концентрира на развојот на потребните компетенции, како збир на знаења, вештини и ставови, неопходни за извршување на активностите во доменот на управувањето со синџирот на снабдување, како што се: поим за логистика/синџирот на снабдување; стратегија и планирање на логистиката/синџирот на снабдување; производи и услугикои им се нудат на потрошувачите; обработка на порачки; логистички информациски систем; методи на предвидување; управување со залихи; управување со набавки; управување со транспорт; управување со складирање; управување со производство, влијание на електронскиот бизнис врз менаџментот на синџирот на снабдување.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.