Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · да ги познаваат стандардните микроекономски пристапи: Парето- оптималност, екстерни ефекти, подготвеност да се плати, подготвеност да се прифати, трансакциони трошоци итн. и тоа од аспект на нивната примена кај проблемите на загадување на животната средина; · да ги анализираат одделните проблеми со загадување на животната средина од аспект на нивните консеквенции врз националната економија; · да извршат евалуација на условите во кои може да се применат економските мерки и инструменти на политиката на заштита на животната средина, во рамки на една национална економија; · да ја познаваат и критички да ја оценуваат системската поставеност и начинот на водење на политиката на заштита на животната средина во Македонија. |