fbpx

Економика на Македонија

Наслов на наставниот предмет

Економика на Македонија

Код

ECN 240

Наставник

Проф. Пеце Недановски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

·       да ги разбираат основните концепти на економскиот систем и економската политика кои се користат во економијата, од теоретски и практичен аспект;

·       да ги познаваат методите за проучување на економските појави и за презентирање на сознанијата од аспект на нивната конкретна примена;

·       да ги разбираат одделните потсистеми во економскиот систем на Македонија преку идентификување на нивните основни карактеристики;

·       да ги знаат носителите, мерките и инструментите на економската политика со оглед на тоа какво е нивното влијание врз економските текови во една национална економија;

·       да ги анализираат конкретните мерки и инструменти на економската политика применети во македонската економија, врз основа на нивниот придонес во решавањето на одделни проблеми (економската нестабилност, инфлацијата, невработеноста и др.).

Содржина на предметната програма:

Економскиот систем, економската политика и економската активност Развојот и карактеристиките на економскиот систем на Македонија Институционалната структура во економскиот систем на Македонија Цели, задачи и инструменти на економската политика на Македонија Структурата и структурните промени во стопанството на Македонија Невработеноста и инфлацијата во Македонија Економскиот раст и развој на Македонија.

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.