Наслов на наставниот предмет | ЕРП системи | |
Код | EBU 410 | |
Наставник |
| |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · да ги разберат и дискутираат главните карактеристики на ЕРП (ERP- Enterprise Resource Planning) системот; · да развијат оправдување за имплементација на ЕРП во македонските компании и да направат успешна презентација за тоа; · да го разберат и координираат процесот на имплементација на ЕРП во организациите; · да работат со основните модули во избран софтвер. | ||
Содржина на предметната програма: Суштинска фаза во електронскиот бизнис е дигитализација на бизнис процесите vo организациite и нивните односи со партнерите и купувaчите. Низ предметот ЕРП системи, студентите ќе научат како да целосно имплементираат систем за планирање на ресурсите во претпријатијата (ЕРП систем), односно ситем кој ги обединува сите функции и департмани, сите деловни процеси во претпријатијата. Теми кои ќе се презентираат и дискутираат подетално се: карактеристиките на ЕРП системите, оправдување на потребата за имплементација на ERP, чекори и фактори кои треба да се земат предвид за успешно користење на ERP, фазите на животниот (работниот) циклус на еден ЕРП систем, најважните и најчесто користени модули и на крај имплементација на ЕРП. Понатаму како дел од вежбите студентите ќе работат на конкретен софтверски пакет. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани