fbpx

Интегрирани маркетинг комуникации

Наслов на наставниот предметИнтегрирани маркетинг комуникации
КодМКТ 320
НаставникПроф.д-р Анита Циунова-Шулеска

Опис на предметот: 
Намерата на наставата по предметот е студентите да добијат знаења од областа на маркетинг-комуникациите со цел да ги разберат и применат најзначајните аспекти на однесувањето на купувачите и да ги применат маркетинг-комуникациите. Студентите треба да ја разберат деловната околина и околината која има влијание на однесувањето на купувачите – како купувачите ги користат информациите и како донесуваат одлука за купување и да знаат како да влијаат врз ставовите на купувачите со примена на инструментите на маркетинг-комуникациите. Исто така студентите треба да ги разберат маркетинг-комуникациското планирање и стратегии, маркетинг-комуникациските инструменти и улогата на маркетинг-комуникацииите во целокупниот маркетинг-план. Тие исто така треба да знаат да ги оценат резултатите од примената на маркетинг-комуникацискиот план.

Содржина на предметот:

  • Вовед во интегрираните маркетинг-комуникациите
  • Однесувањето на купувачите и маркетинг-комуникациите
  • Процес на комуницирање
  • Порака, извор и канали на комуникација
  • Цели и буџетирање
  • Креативна стратегија
  • Медиумско планирање
  • Mаркетинг-комуникациска програма
  • Мерење на ефективноста на маркетинг-комуникациите

Цели на наставата:

По завршувањето на наставата:

  1. Студентите треба да ги разберат принципите и практиките на интегрираните маркеитнг-комуникации
  2. Студентите треба да бидат оспособени успешно да ги комбинираат инструментите на маркетинг-комуницирањето (економска пропаганда, унапредување на продажбата, директен маркетинг, лична продажба, односи со јавноста, дигитални медиуми и интерактивни маркетинг-комуникации) преку анализа на ефектите од секој од нив
  3. Студентите треба да бидат оспособени да ја анализираат и оценат ефективноста на различните медиуми за комуникација
  4. Студентите треба да знаат да дефинираат медиумска-стратегија и да креираат порака за целниот аудиориум
  5. Студентите треба да знаат да изработат маркетинг-комуникациски бриф
  6. Студентите треба да знаат да ги применат контролните механизми за оценка на маркетинг-комуникациските активности
  7. Студентите треба да знаат да направат маркетинг-комуникациски план
 
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.