fbpx

Интерна ревизија

Наслов на наставниот предмет

Интерна ревизија

Код

АCC 430

Наставник

Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска

Предметот Интерна ревизија доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Интерна ревизија од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба:

  • Да се запознаат со клучните аспекти на интерната ревизија и нејзината улога во раз виените економии;
  • Да  ја  осознаат професионалната и законската регулатива иманентна за интерната рев изија;
  • Да ги развијат способностите за професионално расудување и примена на професионален ск ептицизам;
  • Да стекнат сознанија за основните чекори од процесот на интерна ревизија почнувајќи од планирање, испитување и оценка на интерната контрола преку прибирање и оценка на ревизорските докази, до сумирање на сознанијата, пишување на извештајот и комуницирање со врвниот менаџмент на деловниот ентитет;
  • Да стекнат сознанија за методолошкиот пристап на интерните ревизори при спроведување на ревизи ја на успешност;
  • Да  се  запознаат  со  пристапот  на интерниот ревизор при откривање на симптоми на измама и неговата одговорност во спречување и откривање на измамите.

Содржина на предметната програма:

  1. Поим, улога и значење на интерната ревизија во современите економии;
  2. Интерната ревизија како сегмент од корпоративното управување;
  3. Професионална едукација на интерните ревизори;
  4. Вештини кои треба да ги поседува интерниот ревизор;
  5. Законско регулирање на интерната ревизија во Р. Македонија;
  6. Професионално регулирање на интерната ревизија во Р. Македонија;
  7. Деловни процеси и ризици;
  8. КОСО 2013 – Новата концепциска рамка на интерната контрола;
  9. Процес на интерна ревизија;
  10. Развивање на годишен ревизорски план;
  11. Прибирање и оценка на ревизорски докази во интерната ревизија;
  12. Известување во интерната ревизија;
  13. Работна документација во интерната ревизија;
  14. Интерна ревизија и измамите;
  15. Ревизија на успешност;
  16. Управување со департманот за интерна ревизија.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.