Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата: 1. Студентот треба да биде оспособен да ги примени основните портфолио матрици за анализа на деловното портфолио на претпријатието при избор на стратегијата на ниво на претпријатие 2. Студентот треба да биде оспособен да направи SWOT анализа врз основа на анализа на екстерната и интерната околина на претпријатието 3. Студентот треба да ја дефинира маркетинг-стратегијата и маркетинг-тактиката преку познавање на основните инструменти на маркетинг и концептите на сегментирање, таргетирање и позиционирање 4. Студентот треба да биде оспособен да донесува најдобри одлуки во врска со тоа дали да се применат некои маркетинг-активности преку испитување на финансиските и другите ефекти т.е. последици од тие одлуки 5. Студентот треба да ги разбира основните видови маркетинг-контрола и истите да ги примени во оценката на остварувањето на планираните резултати |