Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни : – да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот на бизнис процеси; – да ја разберат стратегиската, тактичката и оперативната улога на процесите за создавање вредност во организациите; – да го разберат концептот на процесен пристап во организациите; – да ги разберат и применуваат основните методи и техники на идентификување (дефинирање), моделирање и анализа на бизнис процесите (квантитативна и квалитативна); – да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот на промени при дигитална трансформација на компаниите овозможена преку проекти на промена/редизајн на бизнис процесите и БПМ системи; – да ги применуваат стекнатите знаења. |