Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · Ги владеат општите и теоретските аспекти на економското планирање; · Го владеат процесот на изработка на стратегија за економски развој; · Ги знаат основните карактеристики на позначајните системи на економското · планирање; · Ги знаат современите тенденции на економското планирање; · Ги владеат методолошките основи на економското планирање; и · 6. Се оспособат за критична анализа и формирање на сопствено мислење и оценка за економската реалност во Република Македонија, односно, за мерките и инструментите кои ги презема државата за решавање на одделни проблеми на економскиот развој, како и за н ивна примена во економската практика. |