Содржина на предметната програма: Предметот ги разработува оперативните аспекти на меѓународната трговска размена. Материјата почнува со анализа на видовите на меѓународниот транспорт на стоки, меѓународната шпедиција и осигурувањето на стоката во меѓународниот транспорт. Неизбежен дел кај меѓународните трговски трансакции е и проучувањето на документите и инструментите на платен промет кои се составен дел на меѓународната трговија со стоки. Во рамките на предметот ќе бидат разработени и специјалните надворешнотрговски работи, основните принципи на функционирањето на електронската трговија и последните измени во царинското работење: воведувањето поедноставени царински постапки и преземањето мерки за водење бесхартиена трговија. |