fbpx

Национални сметки

Наслов на наставниот предмет

Национални сметки

Код

 ECN 390

Наставник

Доц. д-р Билјана Ташевска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да ги разберат теоретско-методолошките сознанија за општественото богатство и националните сметки;
  • Да ги оценат и анализираат основните макроекономски агрегати кои се пресметуваат врз основа на податоците од системот на национални сметки, како и поврзаноста помеѓу нив;
  • Да се запознаат со прогресот во приспособувањето на македонскиот систем на национални сметки со системот на национални сметки на ОН, како и со состојбите на економијата на нашата земја;
  • Да ги увидат можностите за користење на системот на национални сметки при предвидување, планирање, економска анализа и во процеси на одлучување.

Содржина на предметната програма: 

Содржината на овој предмет треба да им помогне на студентите да ја разберат и совладаат проблематиката на националните сметки (национално сметководство). Во тој контекст, посебно внимание се посветува на следниве прашања:

  • Теоретско-методолошки аспекти на општественото (национално) богатство, неговиот опфат, динамика, структурни промени и неговото место во економската анализа;
  • Бруто-домашен производ и останати мерки на економската активност и благосостојбата;
  • Основни поими и елементи на системот на национални сметки;
  • Системот на национални сметки на он;
  • Главните видови сметки; инпут-аутпут табели и матрици на општествени сметки;
  • Сателитски сметки;
  • Примена и перспектива на системот на национални сметки;
  • Системот на национални сметки во Република Македонија.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.