fbpx

Организациско однесување

Наслов на наставниот предмет

Организациско однесување

Код

 MGT 130

Наставник

Доц. д-р Александра Јанеска -Илиев

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на предметната програма Организациско однесување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на организациското однесување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на организациското однесување, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат да:

  • Разберат зошто во теоријата има различни концепти за однесувањето на луѓето во организацијата и зошто треба да се развива етичко однесување во организацијата;
  • Знаат да го одредат местото на луѓето во организационата структура;
  • Го почитуваат и развиваат лидерството како многу значајна димензија на менаџерската професија и да станат вистински лидери за поединците и групите во организацијата;
  • Го поддржуваат и разбираат етичкото однесување на работните места и во меѓусебното комуницирање на луѓето како предуслов за зголемување на задоволството од работата и намалување на стресот;
  • Ја разберат и стимулираат мотивацијата во работата;
  • Знаат како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа;
  • Разберат зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување;
  • Разберат зошто акцептирањето на организационите промени и организацискиот развој се единствени начини за опстанок на организацијата во современите услови.

Содржина на предметната програма: 

  1. Организациското однесување и организацијата
  2. Групи во организацијата
  3. Мотивација         
  4. Поединецот и организацијата
  5. Лидерство
  6. Природата на организациското однесување
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.