fbpx

Основи на бизнис аналитика

Наслов на наставниот предмет

Основи на бизнис аналитика

Код

 MST 220

Наставник

Вонр. проф. д-р Виолета Цветксока

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите ќе можат да:

  • го разберат значењето на прибирањето на податоци и да најдат моќ во броевите која може да се користи за да се добие конкурентска предност;
  • разберат како менаџерите/ доносителите на одлуки ги користат податоци и бизнис аналитиката за да решаваат бизнис проблеми со кои се соочуваат во организацијата во насока на донесување подобри одлуки;
  • користат разни аналитички методи и техники во донесувањето на бизнис одлуки и
  • да го користат солидно Excel, Excel add-ins и софтверски алатки за да визуелизираат податоци и да решаваат реални и комплекси бизнис проблеми.

Содржина на предметната програма: 

Целта на овој предмет е да се подготват студентите со вистински вештини за менаџирање со податоци и да предводат во аналитички организации. Студентите ќе работат со реални сетови на податоци и успешно ќе користат софтверски алатки. Темите вклучуваат типови на бизнис аналитика, како: дескриптивна, прескриптивна и предиктивна. Акцентот на овој предмет ќе биде на толкување и комуникација на добиените резултати од различните типови модели.

  • Вовед во бизнис аналитика; 
  • Истражување и визуелизирање на податоци;
  • Дескриптивни статистички мерки;
  • Веројатност и дистрибуција на веројатност 
  • Линеарна регресија
  • Техники за редвидување;
  • Рударење на податоци (Data mining);
  • Spreadsheet моделирање и анализа;
  • Симулационо моделирање;
  • Оптимизационо моделирање и
  • Анализа на одлучување
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.