Цели на предметната програма(компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · Секој студент треба да биде способен да изврши сегментирање на пазарот и интерпретирање на процесите на позиционирање и таргетирање преку познавање на однесувањето на потрошувачите на различните пазарни сегменти. · Студентот треба да биде способен да ги идентификува и успешно да ги комбинира инструментите на маркетингот преку анализа на изложената материја, примери од праксата и изработка на проекти. · Студентот треба да биде oспособен тимски да дизајнира и спроведе истражувачки проект, како и да ги споредува и вреднува добиените податоци од маркетиншки аспект. · Студентот треба да биде способен да ja примени маркетинг концепцијата во работењето и да донесува правилни маркетиншки одлуки кои базираат на познавањето на принципите на маркетинг менаџментот |