Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · Да ја разберат природата и суштината на претприемништвото како филозофијаи начин на размислување на искористување на нови можности како основа за реализација на нови претприемнички зафати; · Да ги разберат суштинските карактеристики на претприемништвото (посебно иновацијата и ризикот), нивното значење за диференцијација на производите и услугите на претпријатијата и за стекнување на конкурентски предности; · Да ги идентификуваат и разберат традиционални и модерни извори на финансирање за претприемачки потфати; · Да ја разберат новата претприемачка економија и улогата на централната власт и поширокото општество во креирањето на претприемачката деловна клима; · Да ги применуваат претприемачки методи и алатки при подготовка на физибилити анализа на нов претприемачки потфат. |