Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: - Да го дефинираат проектот и да ги идентификуваат неговиот опфат и цели преку развивање на проектна спецификација;
- Да ја дефинираат структурата на проектот како список на неговите составни активности, да ги идентификуваат нивните меѓузависности, времетраење, ресурси и трошоци;
- Да состават план за управување со ризиците на проектот, како компонента во процесот на управување со проектот;
- Да умеат да го утврдат минималното потребно време за реализација на проектот преку изработка на гантограм и мрежен дијаграм на проектот;
- Да користат софтвер MS Project како алатка во процесот на планирање, имплементација и надзор врз проектот, да ги изработуваат различните извештаи за процесот на интерна и екстерна комуникација, како и да ги интерпретираат информациите содржани во нив.
|