fbpx

Статистика за бизнис и економија

Наслов на наставниот предмет

Статистика за бизнис и економија

Код

MST 120

Наставник

Проф. д-р Драган Тевдовски и Проф. д-р Калина

Треневска – Благоева (Департман Е-бизнис)

Цели на предметната програма(компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

·       Да ја разберат појмовната определеност и значењето на статистичката терминологија;

·       Да бидат способни да ја употребуваат дескриптивната анализа при анализата на податоците;

·       Да бидат способни да ја користат веројатноста и случајните променливи во решавањето на бизнис проблемите;

·       Да го разбираат статистичкото заклучување кое што претставува основа за интерпретирање на резултати и донесување на бизнис одлуки;

·       Да бидат способни да ги користат корелацијата и простата и повеќекратната регресија;

·       Да ги знаат основите на анализата на варијансата;

·       Да ги разбираат основите на индексните броеви и методите за анализа на временскитесерии.

 

Содржина на предметната програма:

Предметот овозможува разбирање и совладување на основите на статистиката. Тој има за задача да ги оспособи студентите да ги користат основните статистички методи при решавањето на економски и бизнис проблеми. Со аплицирање на статистичката методологија студентите мошне успешно ќе ги спознаваат, откриваат и експлицираат законитостите и односите помеѓу економските појави и феномени. Предметната програма е конципирана идентично со предметните програми по статистика за бизнис и економија на светски реномираните универзитети. Ги опфаќа следните делови: (1) Вовед; (2) Дескриптивна анализа; (3) Случајна променлива и распореди на веројатноста; (4) Статистички примерок; (5) Статистичко оценување; (6) Тестирање на статистички хипотези; (7) Анализа на варијанса; (8) Хи-квадрат тест; (9) Проста праволиниска регресија и корелација; (10) Повеќекратна праволиниска регресија и корелација; (11) Индексни броеви; и (12) Анализа на временски серии.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.