fbpx

Статистичка контрола на квалитетот

Наслов на наставниот предмет

Статистичка контрола на квалитетот

Код

MST 250

Наставник

Проф. д-р Весна Буцевска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·       Да ги разберат принципите на модерните статистички методи на контрола и унапредув ање на квалитетот;

·       Да ги користат стандардните средства на статистичката контрола на квалитетот за анализа на податоците за производите со цел да утврдат дали процесите се под контрола ил и не;

·       Да ги познаваат современите деловни концепти како што се TQM и Six Sigma;

·       Точно да опишат како методите на статистичка контрола на квалитет резултираат со подобрување на квалитетот на производите и услугите, намалување на троШоците на производство и пружање на услуги и зголемување на ефикасноста и конкурентноста на компанијата;

·       Со  користење на компјутери, да подготвуваат висококвалитетни графички и табеларни презентации за контрола на квалитет во форма на стандардни контролни карти на квалитет;

·       Да ја разберат улогата што ја има SPC во вкупната стратегија на контрола на процесите и на компанијата.

Содржина на предметната програма:

Овој предмет  претставува вовед во филозофијата на контрола на квалитетит и статистичките средства кои се користат за унапредување на квалитетот. Статистичката контрола на квалитетот (SQC) е широко применуван систем на техники кој ги допира речиси сите сектори на економијата. Двете главни подрачја на SQC, а тоа се статистичката контрола на процесот и приемниот примерок, се детално разработени во овој предмет, со цел студентите да се обучат за користење на методите и техниките на SQC кои денес се применуваат во современите индустрии. Студентите за совладување на предметната материја ќе користат специјално опремена компјутерска лабораторија и статистички софтверски пакет Statgraphics.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.