Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметната програма Стратегиски менаџмент е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на стратегискиот менаџмент и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на стратегискиот менаџмент, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат: - Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент;
- Да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент;
- Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти;
- Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.
|