fbpx

Теорија на организација

Наслов на наставниот предмет

Теорија на организација

Код

MGT 270

Наставник

Проф.д-р Кирил Постолов

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бид ат способни:

·       Употребуваат напредни алатки за истражување и на проблеми во орг анизационата култура;

·       Дизајнираат организациони делови и да ги поврзуваат во структурата на организацијата.

·       Определуваат во која од фазите од животниот циклус се наоѓа конкретната органи зација;

·       Ја подобруваат ефикасноста на организацијата преку унапредување на менаџе рските процеси во организацијата;

·       Го разберат организациското окружување и да вршат прилагодувања на организационата структура на нејзините барања;

·       Ја оспособуваат организацијата за конкуренција на светскиот пазар и ја развиваат организацијата со цел прилагодување кон барањата на новото вре ме.

Содржина на предметната програма:

Намерата на наставата по предметот е да ги оспособи студентите да го разберат структурирањето, функционирањето и развојот на организацијата. Во рамките на тоа, студентите прво ќе стекнат знаења за историскиот развој на мислата на организацијата, односно како се развивала теоријата на организација во различните временски периоди од развојот на општеството. Потоа се дава акцент на влијанието на окружувањето, технологијата и големината и животниот циклус врз процесот на дизајнирање на организациската структура и организацијата во целина. Потоа се потенцираат некои процеси што настануваат во организацијата- моќта, политиката, организациската култура, како и воведување на концептите за криза и кризен менаџмент. На крај, посебно внимание е посветено на организациската струтура за новото вре ме.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.