fbpx

Управување со маркетинг каналите

Наслов на наставниот предмет

 

УПРАВУВАЊЕ СО

МАРКЕТИНГ КАНАЛИТЕ

Код

 (MKT 230)

Наставник

Проф. д-р Ежени Брзовска

Цели на предметната програма (компетенции):

  •  Oсознавање на терминологијата за маркетинг каналите;
  •  Поврзување на теориските концепти со деловната пракса поврзана со маркетинг каналите;
  •  Осознавање на стратегиите во маркетинг каналите;
  •  Управување со маркетинг активностите поврзани со маркетинг каналите

Содржина на предметната програма: 

Главниот фокус во наставата на  овој  предмет е  управувањето со маркетинг каналите. Во се подинамичното окружување, од суштинско значење е создавањето на одржлива конкурентска предност преку создавање на оптимална комбинација на маркетинг канали. 

Во рамки на предметот, преку практични примери, се анализираат и идентификуваат стратегии за управување со маркетинг каналите.  Со оглед  дека станува збор за комплексен систем на односи во рамки  во маркетинг каналитe, на часовите се детектираат причините за појава на конфликтите, како и изворите на моќ во маркетинг каналите. Преку реални практични примери, дискусии и стручни задачи се согледуваат и новите предизвици со кои се соочуваат маркетинг каналите, како што е нивната трансформација во нови форми, како резултат на развојот на дигиталната технологија, функционирањети во меѓународно окружување, актуелноста на франшизите и карактеристиките на маркетинг каналите во услужниот сектор.

ДЕЛ 1. Системи на маркетинг канали

ДЕЛ 2. Развивање на маркетинг каналите

 ДЕЛ 3. Управување со маркетинг каналите

 ДЕЛ 4. Дополнителни аспекти на маркетинг каналите

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.