fbpx

Финансиски менаџмент

Наслов на наставниот предмет

Финансиски менаџмент

Код

 MGT 390

Наставник

Проф. д-р Сашо Арсов, CFA (департмани Финансиски менаџмент и Менаџмент)

 

Проф. д-р Александар Наумоски (департмани Сметковдство и ревизија, Маркетинг, Е-бизнис)

Цели на предметната програма (компетенции):

 1. Студентите да умеат да изработат финансиска анализа за една компанија, да ги интерпретираат добиените финансиски показатели и да дадат сопствена оценка за финансиската состојба на компанијата или на одделни нејзини аспекти;

2. Да ги изработат и користат финансиските плански документи како основа за донесување финансиски одлуки;

3. Да ги применуваат техниките за оценка на ефикасноста на капиталните вложувања и да ја проценат ефикасноста на предложените инвестициски проекти;

4. Да ги разбираат карактеристиките на одделните видови долгорочни хартии од вредност како извори на финансирање на претпријатието и да ја утврдат нивната вредност;

5. Да умеат да ја утврдат цената на капиталот на одделните извори на финансирање, како и просечниот трошок на капиталот користејќи ги општо прифатените концепти за вреднување;

6. Да ги анализираат и препознаваат ефектите на одделните видови дивидендна политика врз остварувањето на целите на финансискиот менаџмент, во согласност со теоретските поставки и докажаните практични импликации .

Содржина на предметната програма: 

1. Вовед и основни концепти на финансискиот менаџмент

2. Осврт кон финансиските извештаи                       

3. Финансиска анализа                                                   

4. Финансиско планирање                                             

5. Временска вредност на парите                                           

6. Оценка на ефикасноста на  капиталните вложувања 

7. Долгорочно финансирање                                        

8. Вреднување на долгорочни хартии од вредност         

9. Принос, ризик и основни концепти на портфолио менаџментот   

10. Хибридни хартии од вредност и финансиски деривативи 

11. Управување со обртните средства                        

12. Краткорочно финансирање                                    

13. Цена (трошок) на капиталот                                  

14. Структура на капиталот                                           

15. Дивидендна политика                                               

16. Спојувања, преземања и други  облици на преструктурирање     

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.