fbpx

Европски економски интеграции

Наслов на наставниот предмет

Европски економски интеграции

Код

 INT 512

Наставник

Проф. д-р Ирена Кикеркова

Проф. д-р Eлена Макревска Дисоска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите би требало да добијат продлабочена претстава за регионалното економско интегрирање на ЕУ и посебно за фазите на европската економска интеграција. Предметот ги обработува и ги анализира интерните и екстерните политики на ЕУ. Објаснувајќи ги во детали политиките на европската економска интеграција целта е да се претстават можностите и перспективите на ЕУ посебно по економската и финансиската криза, кризата во еврозоната, мигрантската криза и БРЕКСИТ и сл.

Содржина на предметната програма: 

1.       Теоретски аспекти на регионалното економско интегрирање;

2.       Од Европска економска заедница до Европска унија (меѓувладини конференции и оснивачки договори);

3.       Фази на европската економска интеграција (царинска унија, заеднички пазар, економска и монетарна унија);

4. Теорија на оптимално валутно подрачје: Дали ЕУ е оптимално валутно подрачје?;

5.       Политики на европска економска интеграција (интерни политики: хоризонтални и секторски политики);  

6.       Надворешна димензија на ЕУ (ЕУ – глобален трговски актер, Заедничка надворешна и безбедносна политика)

7.       Институционални промени (продлабочување и проширување на ЕУ);

8.       Перспективи на ЕУ после петото проширување и усвојувањето на ревидираниот Лисабонски Договор.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.