fbpx

Наслов на наставниот предмет

Економски развој – теории и развојни политики 

Код

EDIF510

Наставник

Проф. д-р Владимир Филиповски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
1. ги разберат теоретските концепти (теориите) и нивната еволуција во објаснувањето на
природата и процесите на растот и развојот;
2. ги разберат доминантните стратегиите на економскиот развој во светот.
3. ја анализираат концептуалната подлога (рамнотежата и растот), поврзаноста на одделните
економски политики со економскиот раст и импликациите од нивната примена (монетарна,
фискална, надворено-трговска итн.)
4. вршат истражување на меѓународните искуства во дизајнирање на политиките за
стимулирање на економскиот раст и развој;
5. ги анализираат и дискутираат политиките на „зелениот развој“
6. да ја согледаат и толкуваат улогата на инстуциите во процесот на економскиот раст и
развојот
7. да ги истражуваат меѓународните искуства од политиките на поддршка на иновациите и
претприемништвото
8. да ги истражуваат инеракциите на дигитализацијата и економскиот раст

Содржина на предметната програма: 

1. Вовед – теоретските одредници на растот и развојот
2. Целите на развојот
3. Мерење на нивоата, растот и промените
4. Извори и фактори на растот
5. Теории и модели на економскиот раст
6. Стратегии на економскиот развој
7. Технолошките промени и развојот
8. Институциите и економскиот раст
9. Еколошките аспекти на економскиот развој
10. Макроекономските политики и економскиот развој
11. Проблеми на домашната развојна политика

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.