fbpx

Екстерно известување

Наслов на наставниот предмет

Екстерно известување

Код

 511

Наставник

Проф. д-р Атанаско Атанасовски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни за:

  • Подготовка на целосен сет на финансиски извештаи според барањата на МСФИ
  • Критичка анализа, оценка и избор на сметководствена политика според МСФИ за најзначајните деловни трансакции
  • Подготовка на консолидирани финансиски извештаи и примена на сметководствени методи на целосна консолидација и метод на главнина за вложувања во придружени ентитети .
  • Обелоденување на финансиски информации во белешките кон финансиските извештаи
  • Анализа на финансиската состојба и резултати од информациите презентирани и обелоденети во целосниот сет на финансиски извештаи
  • Оценка на квалитетот на сметководството и финансиското известување преку показатели пресметани врз основа на клучните сметководствени категории и позиции од финансиските извештаи

Содржина на предметната програма: 

  1. Регулаторнa и концептуална рамка на финансиското известување;
  2. Презентација на целосен сет на финансиски извештаи согласно барањата на МСФИ;
  3. Сметководство за нетековните материјални средства;
  4. Нематеријални средства;
  5. Обезвреднување на средствата;
  6. Залихи и договори за изградба;
  7. Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства;
  8. Сметководство за финансиски инструменти;
  9. Сметководство за наеми;
  10. Сметководство за даноци;
  11. Консолидирани финансиски извештаи;
  12. Сметководство за придружени ентитети;
  13. Заработка по акција;
  14. Анализа на финансиските извештаи подготвени според барањата на МСФИ;
  15. Извештаи за парични текови;
  16. Анализа на квалитетот на сметководството и известувањето.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.