fbpx

Наслов на наставниот предмет

Квантитативни методи за финансиски менаџмент

Код

CFM 520

Наставник

Доц. д-р Виолета Цветкоска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет студентите треба да бидат способни:

 

·         Да ги применуваат фазите на пристапот на квантитативната анализа (дефинирање на проблем, развивање на модел, прибирање на податоци, развивање на решение, тестирање на решение, анализирање на резултати и имплементирање на резултати) при решавање на проблеми од областа на финансиите

·         Да разберат како можат да се користат разни статистички, оптимизациони и повеќекритериумски методи и техники за анализирање на финансиски проблеми.

·         Да ја користат непараметарската методогија DEA за оценување на финансиските перформанси на корпорациите.

·         Да развиваат spreadsheet модели со користење на реални финансиски податоци.

·         Да користат софтверски алатки за решавање на линеарни, симулациони и повеќекритериумски модели, како и за моделите на непараметарската методологија DEA

·         Да ги применуваат аналитичките методи во финансиски контекст и да ги користат решенијата за донесување на подобри одлуки.

 

Содржина на предметната програма: 

 

(1)Решавање на проблеми и одлучување; (2)Квантитативната анализа и одлучувањето; (3) Spreadsheet моделирање; (3) Оптимизационо моделирање; (5) Повеќекритериумско одлучување; (6) Одлучување во услови на ризик (7) Симулационо моделирање (8) Модели за предвидување.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.