fbpx

Наслов на наставниот предмет

Корпоративно финансиско известување

Код

 ACC 330

Наставник

Проф. д-р Атанаско Атанасовски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни за:

  • Разбирање на основните концепти, принципи и барања на меѓународните стандарди за финансиско известување.
  • Евидентирање на најразлични трансакции, сочинување на финансиски извештаи и обелодување на информации во белешките кон финансиските извештаи.
  • Проценување на ефектите од економските и сметководствени настани и трансакции.
  • Разбирање на потребите на корисниците на финансиските извештаи во корпорацијата и надвор од неа.
  • Да го подигнат и изградат своето етичко ниво.

Содржина на предметната програма: 

  1. Регулаторнa и концептуална рамка на финансиското известување;
  2. Презентирање на финансиските извештаи за општа намена;
  3. Известување за нетековни материјални средства;
  4. Нематеријални средства;
  5. Обезвреднување на средствата;
  6. Залихи и договори за изградба;
  7. Резервирања неизвесни обврски и неизвесни средства;
  8. Финансиски средства и обврски;
  9. Сметководство за наеми;
  10. Сметководство за даноци;
  11. Консолидирани финансиски извештаи;
  12. Сметководство за придружени ентитети;
  13. Заработка по акција;
  14. Извештај за паричен тек.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.