Маркетинг Истражување

Наслов на наставниот предмет

Маркетинг истражување

Код

МКТ 547

Наставник

Доц. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска

Цели на предметната програма (компетенции):

1.       Студентот треба да се стекне со знаења и вештини за одделните фази од процесот на маркетинг истражување и

2.       Студентот треба да биде способен за самостојно спроведување на маркетинг истражувачки проект

3.       Студентот треба да се стекне со знаења и вештини за одделните квалитативни и квантитативни истражувачки методи и да биде способен соодветно да ги користи во текот на истражувањето

4.       Студентот треба да се стекне со знаења и вештини за методите за статистичка обработка на податоците и да биде способен соодветно да ги користи во текот на анализата

Содржина на предметната програма:

Детерминирање на маркетинг истражувањето

Носители на маркетинг истражување

Дизајнирање и формулирање на истражувањето

  • Дефинирање на проблемот на истражување
  • Типови истражувачки дизајни
  • Мерење, скали и формулирање прашалник
  • Метод на примерок
  • Методи за собирање на податоци
  • Подготовка, обработка и анализа на добиените податоци
  • Известување во врска со добиените податоци

Применето истражување

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.