fbpx

Менаџмент на знаење

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на знаење

Код

 SHR 550

Наставник

Проф. д-р Никола Левков

Цели на предметната програма (компетенции):

  • да ја разберат улогата на знаењето, учењето и човечкиот капитал во денешната економија на знаење
  • да ја разберат врската помеѓу менаџментот со човечкиот капитал и иновациите
  • да го разберат циклусот на менаџментот со знаењето и најдобрите практики за менаџмент со знаење
  • да ја разберат важноста на инфраструктурата на менаџмент на знаење за успешно управување со знаењето
  • да се запознаат со клучните прашања поврзани со иницијативите за реализација на проекти во доменот на менаџмент на знаење
  • да станат свесни за организациското учење и неговата поврзаност со менаџмент на знаењето
  • да ја разберат улогата на човечките ресурси во градењето на култура за управување со знаење
  • да се запознаат со потребата за усогласување на управувањето со знаењето и практиките на менаџментот на човечките ресурси

Содржина на предметната програма

  • Вовед во менаџментот на знаењето и организациското учење
  • Од податоци до информации, знаење и мудрост
  • Циклус за управување со знаење: креирање, складирање, споделување и примена на знаењето
  • Алатки за управување со знаење: компоненти технологии
  • Разбирање на улогата на интелектуалниот капитал во менаџментот на човечките ресурси
  • Улогата на човечките ресурси во градењето на култура ориентирана кон знаење
  • Усогласување на стратегијата на менаџмент на знаењето и стратегијата за човечки ресурси
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.