fbpx

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на мал бизнис

Код

MGT 515

Наставник

Доц.д-р Александра Јанеска-Илиев

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентот треба да биде способен:

·         Да ги објасни глобалните промени во малиот бизнис во економијата на САД, Велика Британија, Европската унија и Македонија низ економски индикатори,

·         Да ги идентификува предностите и слабостите на различните начини на започнување со сопствен бизнис,

·         Да примени соодветна методологија за изработка на ефективен и успешен бизнис план на малото претпријатие,

·         Да биде способен да ги утврди специфичности во примената на општествената одговорност и етика во малиот бизнис,

·         Да разликува мал бизнис со и без претприемничка иницијатива.

Содржина на предметната програма: 

·         Глобални промени во малиот бизнис

·         Малиот бизнис и претприемништвото

·         Можни форми на сопствеништво мало претпријатие

·         Приоди на започнување со сопствен бизнис

·         Фамилијарен бизнис

·         Франшиза

·         Планирање во мало претпријатие

·         Изработка на ефективен бизнис план

·         Раст и менаџирање на растот на малиот бизнис

·         Успеси и неуспеси на малиот бизнис

·         Општествена одговорност, етика и малите претпријатија

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.