fbpx

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на перформанси

Код

SHR 540

Наставник

Доц. д-р Љупчо Ефтимов

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

· Да  демонстрираат  критичка  свесност  за  најновите  истражувања  од  областа  на управувањето на перформансите

·  Да ги идентификуваат користите од управувањето на организациските перформанси за вработените, менаџерите и за самата организација

· Да ги преведат организациските стратегии во конкретни индикатори за мерење на организациските перформанси

·  Да дизајнираат ефикасен систем за управување на организациските перформанси и да ги утврдат чекорите за негово успешно имплементирање

· Да креираат и да ги поврзат системите за управувањето со перформансите со платите и наградите на вработените

· Да изнајдат практични решенија и да иницираат соодветни мерки за унапредување на организациските перформанси

Содржина на предметната програма: 

· Концептот на мерење на организациските перформанси

· Погледот на организациските перформанси низ призмата на различните деловни функции

· Современото наспроти традиционалното следење на организациските перформанси

· Управување на организациските перформанси

· Системи за управување на организациските перформанси

· Доминантни концепти за управување на организациските перформанси во практиката

· Поврзување на перформансите со платите и наградите на вработените.

· Награди и бенефиции за посебни категории на вработени (извршни директори и членови на управен и надзорен одбор – менаџерски договори, научници и талентирани вработени, комерцијалисти, вработени во високотехнолошки и интернет фирми)

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.