fbpx

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на промени

Код

MGT520

Наставник

Доц. д-р Леонид Наков

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

· Подготвуваат менаџерски одлуки за моментот, природата и длабочината на потребата од промени во организацијата;

· Ги препознаат и управуваат со поттикнувачите кон и спротивставувачите на промените  на индивидуално, групно/тимско и организациско ниво;

· Развијат менаџерски вештини и способности за секоја фаза на процесот на управување со промените;

· Ги разберат основните разлики помеѓу еволутивните и револутивните пристапи на управување со организациските промени;

· Ја осознаваат различната употреба на стратегиите и тактиките за управување со промените, според фазата на животниот циклус и односот со екстерното окружување;

· Ја совладаат употребата на информационите технологии и општествената одговорност во управувањето со промените;

· Ја согледаат меѓусебната поврзаност и взаемна условеност на управувањето со промените и организацискиот развој

Содржина на предметната програма: 

· Природа на управувањето со промените

· Концепт, процес и пристапи на управување со промените

· Индивидуални, групни/тимски, организациски и стратегиски промени

· Поттикнувачи и спротивставувачи на управувањето со промените

· Стратегии и тактики на управување со промените

· Информационите технологии и општествената одговорност при управување со промените

· Култура, политика и лидерство на промени во организациите

· Корпоративно управување со промените

· Управувањето со промените и организацискиот развој

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.