fbpx

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на промени

Код

MGT 520

Наставник

Проф. д-р Леонид Наков

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да: 

  • Подготвуваат менаџерски одлуки за моментот, природата и длабочината на потребата од промени во организацијата;
  • Ги препознаат и управуваат со поттикнувачите кон и спротивставувачите на промените на индивидуално, групно/тимско и организациско ниво;
  • Развијат менаџерски вештини и способности за секоја фаза на процесот на управување со промените;
  • Ги разберат основните разлики помеѓу еволутивните и револутивните пристапи на управување со организациските промени;
  • Ја осознаваат различната употреба на стратегиите и тактиките за управување со промените, според фазата на животниот циклус и односот со екстерното окружување;
  • Ја совладаат употребата на информационите технологии и општествената одговорност во управувањето со промените;
  • Ја согледаат меѓусебната практична поврзаност и взаемна условеност на управувањето со промените и организацискиот развој

Содржина на предметот:

  1. Природа на управувањето со промените
  2. Концепт, процес и пристапи на управување со промените                                         
  3. Индивидуални, групни/тимски, организациски и стратегиски промени
  4. Поттикнувачи и спротивставувачи на управувањето со промените
  5. Стратегии и тактики на управување со промените
  6. Информационите технологии и општествената одговорност при управување со промените
  7. Култура, политика и лидерство на промени во организациите
  8. Корпоративно управување со промените
  9.  Управувањето со промените и организацискиот развој
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.