fbpx

Наслов на наставниот предмет

Меѓународен финансиски менаџмент

Код

CFM 515

Наставник

Проф. д-р Сашо Арсов

Цели на предметната програма (компетенции): 

  • Да ги пресметуваат и интерпретираат сметководствената и економската изложеност на компанијата на девизниот ризик и да предлагаат мерки за нивно намалување.
  • Да ги анализираат ефектите од користењето на различните финансиски деривативи и да дизајнираат соодветна стратегија за заштита од ризикот во конкретна ситуација; 
  • Да ги пресметуваат трошоците на одделните компоненти на капиталот, како и просечната цена на капиталот на компанија што користи меѓународни извори на финансирање; 
  • Да умеат да ја анализираат оправданоста на инвестициските проекти во случаите на меѓународно инвестирање;
  • Да умеат да го утврдат приносот на портфолиото составено од меѓународни хартии од вредност, како и да извршат оптимализација на таквото портфолио во рамките на релацијата ризик-принос.

Содржина на предметната програма: 

•               Мултинационалното претпријатие и мултинационалниот финансиски менаџмент. 

•               Девизни курсеви и девизен пазар.

•               Пазари на валутни фјучерси и опции.

•               Меѓународни финансии и меѓународни финансиски пазари.

•               Мерење на сметководствената изложеност на девизниот ризик. 

•               Управување со сметководствената изложеност на девизниот ризик.

•               Мерење на економската изложеност на девизниот ризик.

•               Управување со економската изложеност на девизниот ризик.

•               Управување со обртниот капитал во меѓународен контекст.

•               Преземање инвестициски проекти во странство – цена на капиталот и капитално буџетирање.

•               Меѓународен портфолио менаџмент.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.