fbpx

Наслов на наставниот предмет

Меѓународните финансиски пазари и институции и развојното финансирање

Код

EDF540

Наставник

Проф. д-р Владимир Филиповски

Цели на предметната програма (компетенции):

  • Да ги идентификуваат и следат главните финансиски текови на меѓународниот пазар на капитал
    (заеми, обврзници, акции и нивните подвидови).
  • Да ги проценат идните можности на македонските фирми да ги користат услугите на
    меѓународниот пазар на капитал и како емитенти и како инвеститори во финансиски
    инструменти.
  • Да ја анализираат политиката на девизниот курс која во иднина би можела да ја води
    македонската влада.
  • Да ги оценуваат можностите за интеграција на македонскиот пазар на капитал (македонската
    берза) во меѓународниот пазар на капитал.

Содржина на предметната програма: 

  • Институционална структура на меѓународните пазари на пари и капитал
    Основи на меѓународните финансиски инвестиции
  • Девизниот ризик, ефикасноста на девизните пазари и меѓународните финансиски инвестиции
  • Меѓународно банкарство и структурните промени во клучните национални банкарски системи
  • Еврообврзници: пазар на меѓународни обврзници
  • Глобални депозитарски потврди: пазар на меѓународни акции
  • Транзиционите економии и меѓународните пазари на капитал
  • Република Македонија и меѓународните пазари на капитал:
    • странски портфолио инвестиции и
    • можности за меѓународна интеграција на македонската берза
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.