fbpx

Наслов на наставниот предмет

Монетарен систем и политика

Код

ME 513

Наставник

Проф. д-р- Кирил Јовановски

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

·             го разбираат процесот на дизајнирање и имплементирање на монетарната политика 

·             бидат подготвени да ги оценуваат сигналите на монетарната политика и да ги предвидуваат идните настани 

·             да ги разбираат врските помеѓу монетарните и макроекономските варијабли

·             да бидат подготвени да ги анализираат и предвидуваат ефектите од монетарната политика 

·             да го разбираат процесот на креирање на парична маса и можностите на

·             централната банка да ја контролира понудата на пари 

·             да се запознаат со структурата на монетарниот систем и неговата еволуција.

 

Содржина на предметната програма:

1.       Вовед: зошто да се изучуваат парите и монетарните феномени 

2.      Финансиски и монетарни институции 

3.      Централни банки: институционална поставеност и независност 

4.      Процес на монетарна понуда 

5.      Детерминанти на понудата на пари 

6.      Дефиниции на паричната маса 

7.       Цели и интермедијарни таргети на монетарната политика 

8.      Дискрециона напроти монетарна политика базирана на правила

9.      Правила (стратегии) на монетарната политика 

10.   Трансмисионен механизам 

11.    Поврзаност помеѓу монетарните и макроекономските варијабли

12.   Координација помеѓу монетарната и фискалната политика 

13.   Инструменти на монетарната политика 

14.   Монетарна политика во избрани земји 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.