Наслов на наставниот предмет

Нови можности и претприемништво

Код

MGT 519

Наставник

Академик Таки Фити

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да ги објаснат:

  • филозофијата и природата на претприемништвото, моќта на претприемачите да креираат нови можности преку иновации, прифќање ризик, рекомбинација на производните фактори и нивно насочување кон точките на најпродуктивната употреба; 
  • Креирањето и стартирањето на претприемничка фирма, бизнис планот, неговите содржини и пристапи за негова изработка;
  • Развојните фази на типично претприемничка фирма и доминантните форми на нејзино финансирање во различните фази, со посебен осврт на иновативните форми на финансирање на претприемничката фирма – бизнис ангелите, официјалниот ризичен капитал и иницијалната јавна  понуда;
  • Суштината на претприемничкото општество – примената на претприемништвото на ниво на МСП, големи корпорации, единици на локална самоуправа, непрофитен сектор и новите мерки на поддршка на претприемништвото;
  • Состојбите и проблемите на претприемништвото и можностите што  ги нуди за развој на македонската економија.

Содржина на предметната програма:

1.       Филозофијата,        природата          и             суштинските     карактеристики               на претприемништвото (иновација, ризик, рекомбинација на факторите на производство и реалокација на факторите кон точките на најефикасна употреба)

2.       Креирање и стартување на претприемничка фирма

3.       Бизнис план – содржина, карактеристики и подготовка

4.       Финансирање на типично претприемничка фирма по развојни фази

5.       Улогата на 3F парите

6.       Улогата на бизнис ангелите

7.       Улогата на официјалниот ризичен капитал

8.       Улогата на берзата

9.       Претприемничко општество – карактеристики и пристапи на поддршка на претприемништвото

10.    Состојба и проблеми и развојни можности што ги нуди претприемништвото во

Република Македонија.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.