fbpx

Наслов на наставниот предмет

Организациско однесување

Код

MGT518

Наставник

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

  • Разберат зошто во теоријата има различни концепти за однесувањето на луѓето во организацијата и зошто треба да се развива етичко однесување во организацијата
  • Знаат да го одредат местото на луѓето во организационата структура
  • Го почитуваат и развиваат лидерството како многу значајна димензија на менаџерската професија и да станат вистински лидери за поединците и групите во организацијата
  • Го поддржуваат и разбираат етичкото однесување на работните места и во меѓусебното комуницирање на луѓето како предуслов за зголемување на задоволството од работата и намалување на стресот
  • Ја разберат и стимулираат мотивацијата во работата
  • Знаат како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа
  • Разберат зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување
  • Сфатат зошто акцептирањето на организационите промени и организацискиот развој се единствени начини за опстанок на организацијата во современите услови.

Содржина на предметната програма: 

  • Вовед
  • Индивидуални процеси во организациите
  • Подобрување на перформансата на организациите
  • Меѓучовечки процеси во организациите
  • Организациони процеси и карактеристики
  • Интегрирање на поединците, групите и организациите
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.