fbpx

Наслов на наставниот предмет

Портфолио менаџмент

Код

ME 5193

Наставник

Проф. д-р Владимир Филиповски

Цели на предметната програма (компетенции): 

            По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да: 

  •  да се запознаат со структурата на процесот на професионален портфолио менаџмент,
  • да ги познаваат специфичностите на целите, инвестиционите политики ограничувањата кај индивидуалните и институционалните инвеститори,
  • да ги познаваат главните типови на стратегии за управување со портфолија на акции
  •  да ги познаваат главните типови на стратегии за управување со портфолија на инструменти со фиксен доход (обврзници)
  • да знаат да ги мерат и декомпонираат остварените перформанси на портфолио менаџментот
  • да ги запознаат основните бихејвиорални  аспекти на инвестирањето на пазарите на капитал.

Содржина на предметната програма:

1.       Портфолио менаџментот како процес: цели, ограничувања, стратегии, политики

2.       Управување со портфолија на индивидуални инвеститори

3.       Управување со портфолија на институционални инвеститори

4.       Модели на пазарот на капитал и вреднување на финансиските имоти

5.       Бихејвиорални аспекти на инвестирањето во финансиски имоти

6.       Стратегии на управување со портфолија на акции 

7.       Стратегии на управување со портфолија на обврзници

8.       Деривативни финансиски инструменти и портфолио менаџментот o Опциони договори: вреднување и стратегии на користење o Фјучерс договори: соодносите на спот и фјучерс цени; стратегии на користење

9.       Евалуација на перформансите на портфолио менаџментот: мерила, атрибуција и стандарди на презентација

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.