fbpx

Наслов на наставниот предмет

Проектен менаџмент                   

Код

МГТ 370

Наставник

Проф. д-р Сашо Арсов

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

· да ги планираат активностите неопходни за реализација на проектот, да ги идентификуваат нивните меѓузависности, времетраење и трошоци;

· да ги подготвуваат потребните извештаи и да ја извршуваат целокупната потребна комуникација помеѓу проектот и клиентот, како и помеѓу членовите на тимот и останатите стејкхолдери

· да го структурираат проектот на неговите составни активности;

· да изработат гантограм и мрежен дијаграм на проектот и да го утврдат најкраткото време за реализација на проектот;

· да користат софтвер MS Project како алатка во процесот на планирање, имплементација и надзор врз проектот;

· го дефинираат проектот, да ги идентификуваат неговиот обем и цели, како и да развијат проектна спецификација;

Содржина на предметната програма: 

Дефинирање на проектот и проектниот менаџмент; Проектите и организационата структура на компанијата; Проектна организација ; Планирање на проектот и времето; Организационо-технолошко структурирање на проектот ; Примена на мрежното планирање во проектниот менаџмент; Проектни тимови и улогата на проект-менаџерот ; Имплементација на проектот, надзор и контрола; Примена на софтвер во проектниот менаџмент

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.