fbpx

Наслов на наставниот предмет

Развој на професионални вештини за вработување

Код

SHR 530

Наставник

Доц. д-р Љупчо Ефтимов

Доц. д-р Никола Левков

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

· Да демонстрираат критичка свесност за најважните предизвици на менаџментот на човечки ресурси во блиска иднина;

· Да ги идентификуваат клучните професионални компетенции на идните менаџери за човечки ресурси (експертиза за човечки ресурси, медијаторство и односи со вработените, менторство, лидерство и насочување, способност за работење во тимови и почитување и управување со различностите, добар бизнис познавач и партнер, одржување на мотивирана, ангажирана, креативна, иновативна и флексибилна работна средина и сл.);

· Да го одржуваат својот флексибилен, адаптибилен и развоен потенцијал за успешно имплементирање на новите професионални вештини;

· Да ја унапредуваат својата компетентност и конкурентноста на организацијата.

Содржина на предметната програма: 

· Изградба на тимови

· Унапредување на мотивираноста и ангажираноста на вработените,

· Потикнување на иновации, креативност и флексибилност во работењето,

· Препознавање, привлекување и задржување на талентите во организацијата/тимот

· Менторство и развој

· Управување со конфликти

· Управување со времето и ефективно водење на состаноци

· Писмена комуникација

· Преговарање и односи со вработени

· Крос-културна комуникација

·  Примена на напредни информациски системи во менаџментот на човечките ресурси

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.