fbpx

Наслов на наставниот предмет

Современи предизвици во управувањето со локалните јавни финансии

Код

 PSM 522

Наставник

Проф. д-р Предраг Трпески

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Да ја разберат суштината на фискалната децентрализација и пренесувањето на надлежностите од централно на локално ниво;
  • Да управуваат со процесот на обезбедување јавни добра на територијата на локалната самоуправа, што подразбира ефикасно искористување на локалните финансии и подобрување на животниот стандард на граѓаните;
  • Да се оспособат да размислуваат во насока на изнаоѓање можности за нови извори на приходи на локалната власт, како и развивање методи за поефикасно реализирање на јавните расходи;
  • Да го разберат системот на управување со локалните јавни финансии во земјите членки на ЕУи земјите од Централна и Југоисточна Европа;
  • Да дискутираат за развивање нови можности и изнаоѓање решенија за подобрување на управувањето со локалните финансии;
  • Да дадат придонес во развојот на управувањето со јавните финансии во Република Македонија

Содржина на предметната програма: 

  1. Локалните јавни финансии во 21-от век
  2. Локалните јавни финансии и економскиот раст и развој;
  3. Фискална децентрализација и ефикасност во обезбедување на јавните добра;
  4. Извори на приходи на централната и локалната власт;
  5. Управување со јавните приходи и расходи на централно и локално ниво;
  6. Управување со локалниот јавен долг;
  7. Tранспарентности отчетност на локалните јавни финансии, ·Локалните јавни финансии и животнот стандард,
  8. Локалните јавни финансии во Европа,
  9. Правна рамка за управување со локалните приходи и расходи;
  10. Управување со јавните локални финансии во Република Македонија.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.