fbpx

Наслов на наставниот предмет

Странските директни инвестиции и глобалните синџири на вредноста

Код

EDF530

Наставник

Проф. д-р Ирена Кикеркова

Цели на предметната програма (компетенции):

• да владеат со најновите теории од областа на меѓународното движење на капиталот во вид на
странски директни инвестиции (СДИ);
• да го разберат теоретскиот концепт и практичните аспекти на делувањето на транснационалните
корпорации (ТНК) како доминантни инвеститори на капитал во вид на СДИ во глобалната
економија, а со тоа и како носители на глобализациските текови;
• да бидат способни да извлекуваат соодветни аналитички и логични заклучоци во смисла на
раздвојување на поимите транснационални и мултинационални компании не само од
терминолошки туку и од суштински аспект;
• да го сфатат концептот, суштината, сличностите и разликите меѓу глобалните синџири на
снабдување и глобалните синџири на вредноста;
• да бидат способни да го елаборираат занчењето и важноста на вклучувањето на малите и на
средните претпријатија од економиите-увозници на капитал во вид на СДИ во глобалните
синџири на вредноста;
• да се оспособат за критичко размислување и носење на релевантни заклучоци за позитивното и
негативното влијание на СДИ врз економската структура, билансот на плаќањата и долгорочниот
економски раст и развој на економиите – увозници на СДИ;
• да сфатат зошто во современото меѓународно окружување за долгорочно стекнување на поволни
позиции во меѓународната економија од посебно значење е не само активното учество во увозот
на капиталот туку и во извозот на капиталот во вид на СДИ;
• да се стекнат со најнови информации за улогата и значењето што слободните економски зони ја
имаат во меѓународното движење на капиталот во вид на СДИ и во глобалните синџири на
вредноста.

Содржина на предметната програма: 

• Дефинирање на поимите: транснационални компании, странски директни инвестиции и
глобализација
• Теории за СДИ
• Мотиви за извоз на капитал во вид на СДИ
• Мотиви за увоз на капитал во вид на СДИ
• Противречностите на одобрувањето погодности (incentives) за зголемување на атрактивноста
на националната економија за СДИ
• Анализа на современите текови на СДИ во глобалната економија – најголеми извозници и
извозници на капитал по региони, по дејности и најголеми ТНК;
• Индикатори и начини на мерење на транснационализацијата и на вкупното економско влијание
што се остварува со движењето на капиталот во вид на СДИ
• Глобализацијата и поимот на глобалните синџири за снабдување
• Глобални синџири на снабдување vs глобални синџири на вредноста
• Глобализација vs регионализација
• Најнови сознанија за улогата и влијанието на слободните економски зони врз движењето на
капиталот во вид на СДИ

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.