fbpx

Наслов на наставниот предмет

Технолошкиот развој и глобализацијата

Код

EDIF550

Наставник

Проф. д-р Гоце Петрески

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да:

·       Стекнат знаење за современите технолошки процеси како дел од глобализацијата на светската економија; технологијата – опредметено и неопредметено знаење – станува ендоген фактор во развојните модели и приоритетен интерес во развојните стратегии на сите земји во борбата за подобро место на светскиот пазар; 

·       Да ги разберат изградбата на иновативно општество, информациско општество, односно општество базирано на знаење во развиените земји; 

·       Да го објаснат влијанието на дифузибилниот карактер на информационите технологии врз новите промени на меѓународните пазари на стоки, услуги и капитал; 

·       Да ја разберат потребата на земјите во развој за сопствени технолошки стратегии како дел од развојните стратегии; 

·       Да ја разберат актуелната потреба за изградување на технолошка стратегија во Република Македонија, со оглед на нејзиното значење во намалувањето на развојниот јаз, што бара мобилизација на политиката за искористување на нашите предности поврзани со човечкиот капитал..

Содржина на предметната програма: 

·         Карактеристики на современиот технолошки развој 

·         Основни домени на технолошките промени 

·         Економски ефекти од технолошките промени 

·         Глобализацијата на светската економија 

·         Носители на технолошките и економските промени во време на глобализацијата 

·         Политика на технолошкиот развој во Република Македонија 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.